Почина Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ

Почина Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ
14.04.19   18:03

Прочитано : 1,119

Print This Article
Мира Марковиќ, сопругата на поранешниот претседател на СР Југославија и на Србија, Слободан Милошевиќ и поранешна претседателка на Југословенска левица (ЈУЛ), почина попладнево во Москва, Русија во 77 година од животот, пишуваат српските медиуми.

Марковиќ беше во тешка здравствена состојба, а дел од медиумите во Белград објавија дека во последните неколку месеци била подложена на четири операции во болницата во Сочи.

Апелацискиот суд во Белград неодамна ја укина првостепената пресуда од јуни во минатата година со која беше осудена на една година затвор по обвинувањата дека во 2000 година влијаела на владината комисија за незаконско доделување на државен стан за дадилката на нејзиниот внук. Судењето беше вратено на почеток, а првостепената одлука за затворска казна се донесе по скоро 15 години од покренување на кривичната постапка и преку 100 одржани рочишта.

На Мира Марковиќ ѝ се судеше во отсуство бидејќи беше недостапна за српските правосудни органи за што беше распишана и меѓународна потерница во 2005 година.

  Категории: