По средбата Меркел-Заев сите опции остануваат отворени

По средбата Меркел-Заев сите опции остануваат отворени
13.06.19   12:09

Прочитано : 2,362

Print This Article

По средбата на германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев останува отворена можноста одлука за почеток на преговори со Северна Македонија да се донесе уште летово или, сепак, наесен, што е пореална опција.

Меркел му рекла на Заев дека С. Македонија испорачала и дека таа е многу позитивна за досието на земјава. Канцеларката најавила дека Бундестагот најдоцна во септември би одобрил почеток на преговори со С. Македонија, неофицијално дознава „360 Степени“.

Од македонска страна било речено дека земјава во Германија и Меркел има голем поддржувач и стратешки партнер и дека останува увереноста за почнување на преговорите до крајот на годинава.

Останува отворено прашањето каков заклучок ќе добие Северна Македонија на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, предвиден за 18 јуни, кога точката ќе се најде на дневен ред пред министрите на земјите-членки.

Подоцна во денот е најавена изјава на премиерот Зоран Заев во Берлин.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести