По реакциите на САД и ЕУ се најавува намалување на тензиите меѓу Косово и Србија – Анализа во Студио 1

По реакциите на САД и ЕУ се најавува намалување на тензиите меѓу Косово и Србија – Анализа во Студио 1
21.01.19   16:14

Прочитано : 62

Print This Article
Andonovikj

Во анализата на регионалните и светските случувања, новинарот Деан Андоновиќ зборува за унапредувањето на Министерството за безбедносни сили на Косово во Министерство за одбрана.

-Секое чудо за три дена – никакви реакции немаше. Белград не се произнесе околу тоа дека во иднина ќе има работа со министерство. Ако вчера беше нешто многу големо и страшно Косово да има армија, сега тоа како одеднаш да спласна и не значи ништо, вели тој.

И Приштина и Белград добиле утешна победа, првите со воведувањето на таксите и долго посакуваното Министерство за одбрана, а вторите со броење на тоа колку држави го повлекле признавањето на независноста на Косово, па според Андоновиќ, на крајот големите сили ќе мораат да одлучат како ќе завршат работите.

За косовските такси од 100% на производи од Србија и БиХ, тој вели дека можноста Приштина и Белград да разговараат за намалување на таксите дојде пред некој ден, кога САД јавно побараа да бидат повлечени, веднаш по ЕУ. Клучен момент беше одлучноста на Вашингтон да не му даде на Харадинај виза за влез во САД, анализира Андоновиќ.

  Категории:
view more articles

Актуелно