По повикот на Трамп, Израел ја блокира посетата на конгресменките Тлаиб и Омар

По повикот на Трамп, Израел ја блокира посетата на конгресменките Тлаиб и Омар
16.08.19   09:36

Прочитано : 167

Print This Article
Kongresmenki

Израел одлучи да не дозволи посета на американските конгресменки Рашиди Тлаиб и Илхани Омар, изјави денеска Ципи Хотовели, заменичка на израелскиот министер за надворешни работи.

– Одлуката е донесена. Одлуката е дека не можеме да им дозволиме да влезат, изјави Хотовели.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера оцени дека Израел ќе покаже „голема слабост“ доколку им дозволи на конгресменки Тлаиб и Омар да ја посетат светата земја.

„Тие го мразат Изарел и еврејскиот народ, и тука нема што да се каже или направи за да се сменат нивните ставови“ напиша Трамп на својот налог на Твитер.

Нарекувајќи ги двете членки на американскиот Конгрес од Демократската партија „недраги“, Трамп напиша дека на нивните матични држави, Мичиген и Минесота, „ќе им треба многу време да ги вратат на работа во канцелариите“.

ДПА наведува дека двете конгресменки, кои Трамп повеќе пати ги има јавно критукувано, планираат да ги посетат окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

  Категории: