По денешните избори во Шпанија уште поголема неизвесност за членството на С. Македонија во НАТО

По денешните избори во Шпанија уште поголема неизвесност за членството на С. Македонија во НАТО
10.11.19   23:05

Прочитано : 2,956

Print This Article
Формирањето нова влада во Шпанија, а со тоа и ратификувањето на протоколот за зачленување на Северна Македонија во НАТО, се чинат уште понеизвесни од досега по денешните парламентарни избори на кои, како што покажуваат излезните анкети, Социјалистичката партија на привремениот премиер Педро Санчез ќе освои најмногу пратенички места, но сепак помалку отколку на претходните избори во април. Помалку места ќе освои и потенцијалниот партнер на Санчез за формирање влада – крајно левичарската коалиција Унидас Подемос („Заедно можеме“), пишува 360 степени.
  Категории: