ПК Љуботен: Голема количина снег долж патеката за искачување на Титов врв

ПК Љуботен: Голема количина снег долж патеката за искачување на Титов врв
22.05.19   15:23

Прочитано : 72

Print This Article

Тетово, 22 мај 2019 (/) – Планинарскиот клуб Љуботен на одржаната прес-конференција во пресрет на 38-то традиционално искачувањето на Титов врв овој викенд со напомена до учесниците да бидат внимателни на при движењето поради многу снег на Шар Планина. Во недела искачувањето е предвидено е да започне во 6:30 часот од Попова Шапка по „Вакуфска патека“, но, поради временските прилики можни се измени, велат од клубот.

-Поради големата количина снег која не е забележана во изминативе 38 години замолуваме сите кои ќе дојдат на искачувањето да ја почитуваат програмата и обврските како учесници важни за нивната безбедност. Во зависност од метеролошките услови, пред се, поради нивната безбедност клубот има право да ја промени патеката на движење за која сите благовремено ќе бидат известени. До недела наши членови ќе бидат и на терен и ќе ја следат состојбата-истакна Јован Божиновски, претседател на клубот.

Годинава настанот е дел од кампањата „ЕУ за тебе“ помогната од канцеларијата на ЕУ во Скопје. -Во сабота од 12 часот ќе има акција за чистење во близина на хотелот Попова Шапка во рамки на кампањата # TrashTagChallenge, потоа следува дебата на тема „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите„ како и изложба насловена „Попова Шапка низ времето“ со проспекти за скицентарот од 1938 до 2018 година, рече Славко Костовски, член на клубот.

Годинешното искачување се посветува на професорот Љупчо Меловски, познавач на Шар Планина заштитник на природата и поддржувач на клубот, кој почина годинава на 60-годишна возраст. Во сите досегашни 37 искачувања на Титов врв на 2747 метри надморска височина се искачиле 24.607 луѓе, бележат во клубот. Патеката се оценува како средно тешка, со вкупна должина од 14 километри и висинска разлика од 1.047 метри и за еден правец е потребно колу 4 часа. ас/сст/

Извор: mia.mk

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести