Пировска: Случајот на Тамара до сега требаше да биде завршен, а сторителите казнети!

Пировска: Случајот на Тамара до сега требаше да биде завршен, а сторителите казнети!
21.10.19   22:19

Прочитано : 365

Print This Article

Фејсбук статус на Уранија Пировска:

Многумина во оваа земја на ваков или онаков начин ја избегнаа правдата и покрај очигледен криминал и злоупотреба на службените овластувања!

Случајот на малата Тамара беше случај кој ги отсликуваше сите негативни карактеристики на владеењето на поранешната власт. Практики на една власт кои ги нарекувавме фашизоидни, криминални, коруптивни и кои водат до целосна дехуманизација на општеството.

Дочекавме таа власт да си замине и се надевавме на кривична правда. Таа за жал се уште не ја дочекавме. Тамара и другите жртви на тоа владеење не доживеаја морална сатисфакција. Случајот на Тамара до сега требаше да биде завршен, а сторителите казнети!

Се додека во оваа земја не се случи кривична правда, не можеме да зборуваме за демократија и не можеме да зборуваме за човекови права!”

  Категории: