Пилгер: Ниту еден истражувачки новинарски производ во мојот век не се изедначува со Викиликс

Пилгер: Ниту еден истражувачки новинарски производ во мојот век не се изедначува со Викиликс
15.04.19   01:06

Прочитано : 580

Print This Article

Џон Пилгер зборува за Џулијан Аснаж, Сиднеј, јуни, 2018

John Pilger speaks out for Julian Assange

John Pilger speaks out for Julian Assange

Posted by Labour Heartlands on Четврток, 11 април 2019

Прогонството на Џулијан Асанж мора да заврши. Или ќе заврши како трагедија.

Австралиската влада и премиерот Малколм Турнбул имаат историска можност да одлучат што ќе се случи.

Можат и да молчат, но историјата ќе биде непростлива. Или можат да дејствуваат во интерес на правдата и хуманоста и да го донесат овој извонреден австралиски граѓанин дома.

Асанж не бара специјален третман. Владата има јасни дипломатски и морални обврски да ги заштити австралиските државјани во странство: во случајот на Џулијан, од грубо манипулариање со правдата и екстремната опасност што го чека доколку излезе од еквадорската амбасада во Лондон незаштитен.

Знаеме од случајот со Челзи Менинг што може да очекува ако американскиот налог за екстрадиција е успешен – специјалниот известувач на ОН го нарече тортура.

Џулијан Асанж добро го познавам. Го сметам за близок пријател, човек со извонредна издржливост и храброст. Гледав дека цунамито на лаги и клевети го зафати, бескрајно, одвратно, перверзно. И знам зошто го валкаат.

Во 2008 година, планот за уништување на Викиликс и Асанж беше изложен во тајниот документ од 8 март 2008 година. Авторите беа филијалата на кибер-контраразузнавачките служби на Одделот за одбрана на САД. Тие детално опишаа колку е важно да се уништи “чувството на доверба” што е “центар на гравитација” на Викиликс.

Ова би се постигнало, напишале, со закани за “откривање [и] кривично гонење” и непопустлив напад врз репутацијата. Целта беше да се замолчат и криминализираат Викиликс и неговиот уредник и издавач. Како да планираа да започнат војна против едно човечко суштество и против самиот принцип на слобода на говорот.

Нивното главно оружје ќе биде валкање на личноста. Нивните војници се во медиумите – оние кои треба да ни ја кажат вистината.

Иронијата е дека никој не им кажал на овие новинари што да прават. Јас ги нарекувам Виши новинари – по владата на Виши, која служеше и овозможи германска окупација на воена Франција.

Минатиот октомври новинарот на Австралиската корпорација, Сара Фергусон, ја интервјуираше Хилари Клинтон, која ја прогласи за “икона за вашата генерација”.

Ова беше истата Клинтон кој се закани дека “целосно ќе го избрише” Иран и која, како државна секретарка на САД во 2011 година, беше една од поттикнувачите на инвазијата и уништувањето на Либија како модерна држава, со загуба од 40.000 животи. Како и инвазијата на Ирак, тоа беше засновано на лаги.

Кога либискиот претседател беше јавно и ужасно убиен со нож, Клинтон беше снимен како се смее како навивачка. Благодарение на неа, Либија стана место за размножување за ИСИС и други џихадисти. Благодарение на неа, десетици илјади бегалци избегаа од опасноста преку Медитеранот, а многу се удавија.

Откриените меилови објавени од Викиликс откриваат дека фондацијата на Хилари Клинтон – која таа ја дели со нејзиниот сопруг – добила милиони долари од Саудиска Арабија и Катар, главните поддржувачи на ИСИС и тероризмот низ Средниот Исток.

Како државна секретарка, Клинтон ја одобри најголемата продажба на оружје во вредност од 80 милијарди долари – на Саудиска Арабија, еден од главните донатори на фондацијата. Денес, Саудиска Арабија го користи ова оружје за да уништува луѓе во геноцидни напади во Јемен.

Сара Фергусон, високо платена новинарка, не покрена ни збор од ова со Хилари Клинтон која седеше пред неа.

Наместо тоа, таа ја покани Клинтон да ја опише “штетата” што Џулијан Асанж и ја направи “лично “. Како одговор, Клинтон го критикуваше Асанж, австралиски државјанин, како “многу јасно, алатка на руските разузнавачки информации” и “нихилистички опортунист кој спроведува наддавање за диктатор”.

Таа не понуди никакви докази – ниту пак и беа побарани –  за да ги поддржи нејзините тврдења.

Во ниту еден момент на Асанж не му беше понудено да одговори на ова шокантно интервју, кое австралискиот јавно-финансиран државен радиодифузер има должност да го направи.

Како тоа да не беше доволно, извршниот продуцент на Фергусон, Сали Нејџур, го следеше интервјуто со еден злобен ре-твит: “Асанж е кучка на Путин, сите знаеме!”

Постојат многу други примери за Виши новинарство. Гардијан, еднаш голем либерален весник, спроведе одмазда против Џулијан Асанж. Како презрен љубовник, Гардијан ги насочи своите лични, ситни, нечовечки и клеветнички напади врз човекот чија работа некогаш ја објавуваше и од тоа профитираше.

Поранешниот уредник на “Гардијан”, Алан Русбриџер, ги нарече обелоденувањата на Викиликс, кои неговиот весник ги објави во 2010 година, “една од најголемите новинарски приказни од последните 30 години”. Награди беа доделувани и славени како да не постои Џулијан Асанж.

Откритијата на Викиликс станаа дел од маркетинг-планот на Гардијан за зголемување на цената. Тие направија пари, многу пари, додека Викиликс и Асанж се бореа да преживеат.

Без пени да се даде на Викиликс, книгата на Гардијан доведе до профитабилен филмски договор со Холивуд. Авторите на книгата, Лук Хардинг и Дејвид Ли, неблагодарно го опишаа Асанж како “оштетена личност” и “бездушен”.

Тие, исто така, ја открија тајната лозинка, која Џулијан му ја дал на Гардијан во доверба и која била дизајнирана да заштити дигитална датотека.

Додека Асанж е заглавен  во амбасадата на Еквадор (говорот е од 2018 година н.з.) Хардинг, кој се збогати на грбот на Џулијан Асанж и Едвард Сноуден, стоеше меѓу полицијата надвор од амбасадата и на својот блог напиша “Скотланд Јард можеби последен ќе се смее “.

Прашањето е зошто.

Џулијан Асанж не направил никакво злосторство. Тој никогаш не бил обвинет за злосторство. Шведската епизода беше фалсификувана и фарсична и тој беше оправдан.

Катрин Акселсон и Лиза Лонгстаф од “Жените против силување” кога пишуваа сумираа “Наводите против [Асанж] се димензии зад кои голем број влади се обидуваат да го извалкаат на Викиликс, бидејќи јавно ги открива нвните тајни планирања војни и окупации кои подразбираат и силувања, убиства и уништување … Властите толку малку се грижат за насилството врз жените, а манипулираат со обвинувањата за силување “.

Вистината е изгубена или закопана во медискиот лов на вештерки, што Асанж безобразно го поврза со силување и мизогинија. Ловот на вештерки вклучуваше гласови кои се опишаа како левичарски и како феминистички. Тие намерно ги игнорираа доказите за екстремна опасност со која се соочува Асанж доколку биде екстрадиран во САД.

Според документот објавен од Едвард Сноуден, Асанж е на „листата за лов”. Едно откриено официјален мемо вели: “Асанж ќе биде убава невеста во затворот. Еби го терористот, засекогаш ќе јаде храна за мачки”.

Во Александра, Вирџинија – приградски населба на американската воена елита – тајно високо жири, (се враќаме во средниот век) – поминало седум години обидувајќи се да конструира криминал за кој Асанж може да се гони.

Ова не е лесно; Уставот на САД ги штити издавачите, новинарите и свиркачите. Криминалот на Асанж е што ја скрши тишината.

Ниту еден истражувачки новинарски производ во мојот живот не може да се изедначи со важноста на она што го направи WikiLeaks, ја повика на одговорност најкрвожедната страна на моќта. Тоа е како да се наметне еднонасочен морален екран за да го открие империјализмот на либералните демократии: посветеноста на бескрајната војна и поделбата и деградацијата на “невредните” животи: од Гренфеловата кула до Газа.

Кога Харолд Пинтер ја прифати Нобеловата награда за литература во 2005 година, се осврна на “широката таписерија на лаги на кои се храниме”. Тој праша зошто “систематската бруталност, раширените злосторства, безмилосната сузбивање на независната мисла” од страна на Советскиот Сојуз беа добро познати на Запад, додека американските империјалистики злосторства “никогаш не се случиле … дури и додека се случуваат, никогаш не се случило . ”

Пред седум години, во Сиднеј, се сретнав со истакнат либерален член на Сојузниот парламент, Малколм Турнбул.

Сакав да го замолам да испрати писмо од адвокатот на Асанж, Гарет Перс, до владата. Зборувавме за неговата позната победа – во 1980-тите кога, како млад адвокат, се бореше против обидите на британската Влада да го потисне слободниот говор и да спречи објавување на книгата Spycatcher – на свој начин, Викиликс од тоа време која ги откриваше злосторствата на државната власт.

Премиер на Австралија тогаш беше Џулија Гилард, политичарка на Лабуристичката партија, кој го прогласи Викиликс за “нелегален” и сакаше да го одземе пасошот на Асанж – додека не и беше кажано дека не може да го стори тоа: дека Асанж не сторил злосторства; дека Викиликс бил издавач, чија работа била заштитена според член 19 од Универзалната декларација за човекови права, каде Австралија една од првичните потписници.

Отфрлајќи го Асанж, австралиски државјанин, и соработувајќи во неговото прогонство, скандалозното однесување на премиерката Жилар го наметна прашањето за негово препознавање, според меѓународното право, како политички бегалец чиј живот е во ризик. Еквадор се повика на Конвенцијата од 1951 година и му одобри засолниште во својата амбасада во Лондон.

Гилар неодамна се појави со Хилари Клинтон, тие се признати како феминистки пионерки.

Ако има нешто по кое би се сеќавале на Гилард, тоа е страствено полтронскиот, засрамувачки говор во американскиот конгрес веднаш откако побара нелегално поништување на пасошот на Џулијан.
Малколм Турнбул сега е премиер на Австралија. Таткото на Џулијан Асанж му прати писмо Турнбул. Тоа е трогателно писмо, во кое апелираше до премиерот да го врати неговиот син дома. Пишува дека е возможна трагедија.

Гледав како здравјето на Асанж се вложува, поради затворањето и изолацијата од сончева светлина. Имаше силна кашлица, но не беше дозволено ниту безбедно преминување во и од болница за рентген.

Малком Турнбул може да молчи. Или може да ја искористи оваа можност, да го искористи дипломатското влијание на неговата влада за да го спаси животот на австралиски државјанин чија храбоста е препознаена од безброј луѓе низ целиот свет.

Може да го врати Џулијан Асанж дома.

превод: Лени Фрчкоска

  Категории: