Пијано момче без дозвола ја предизвикало несреќата во која загина Шаулиќ

Пијано момче без дозвола ја предизвикало несреќата во која загина Шаулиќ
17.02.19   19:48

Прочитано : 1,382

Print This Article

Во сообраќајна несреќа во Германија денеска, загина еден од најпознатите пејачи на народна музика на Балканот Шабан Шаулиќ. Несреќата се случила на автопат во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија.

Трагедијата ја предизвикал пијан возач кој се движел со голема брзина, урдил во задниот дел на автомобилот во кој бил пејачот кој од ударот се завртел и удрил во банкината. Шаулиќ бил итно пренесен во болницата во Билефелд, каде починал.

Освен трагично настраданиот печај, во автомобилот бил и неговиот кум кој секогаш го следи на сите настапи Слоба Стојадиновиќ. Исто така имало уште двајца сопатници, кои се повредени, но не се во живтона опасност. Несреќата се случила во 6.20 часот наутро додека се движеле кон аеродромот по претходен настап.

Триесет и четири годишниот возач на „маздата“ бил пијан и возел без возачка дозвола. Тој има мали повреди.

  Категории: