Петар Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името

Петар Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
14.01.19   11:21

Прочитано : 1,758

Print This Article

Реформистот, Петар Богојески, кој до неодамна ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, се додека не беше разрешен од партиското раководство во бранот исклучувања, по донесувањето на уставните измени вели дека ништо не е изгубено. Внимание предизвика неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде упатува дека државата можеби некогаш повторно ќе се нарекува Република Македонија. Богојески смета дека таква шанса е возможна само откако државата ќе стане рамноправна со своите соседи.

Според Богојески од самиот момент на потпишување на Преспанскиот договор било јасно дека е преголема работа, за да пропадне. Додава дека со интеграција во европското семејство, обединета Македонија станува реалност.

-Нема што да се прославува. Едноставно направена е голема историска отстапка, во интерес на подобра иднина. Сега е најважно да се мобилизираат сите капцитети на државата, надежта да се преточи во дело. Да се валоризира загубата. Следните 10 години не очекува тешка работа. Нека тој период помине успешно, за Македонија да добие рамноправна положба со своите соседи, особено со Грција. После тоа, историјата повторно ќе донесе нова шанса за исправка на историските неправди. Нашиот сон за Обединета Македонија ќе биде реалност во Обединета Европа – вели Богојески за „Фокус“.

Македонија, посочува тој, била повеќе пати до сега преименувана, па не би било необично, додава, доколку тоа се случи повторно во иднина.

-Тоа значи дека Македонија, без разлика на било која модификација на името низ процесот на конституирање на државноста, секогаш ќе остане Македонија. До сега имаме променето име на државата околу 5 пати, ништо нема да биде непознато ако истото го направиме 6-ти пат – смета еден од реформистите на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што следи е ратификација на Договорот во грчкиот парламент, за процесот да биде завршен, а Македонија да добие отворени врати за интеграција во НАТО и ЕУ. Богојески стравува дека Грција може да не ги испочитува своите обврски од договорот и да побара алтернативно решение.

-Истото доколку се случи, треба веднаш да биде отфрлено од втората страна. Доколку процесот во целост заврши согласно договорот, имаме барање како опозиција, а тоа е официјален почеток на преговори за членство со ЕУ и полноправно членство во НАТО уште во 2019 година! Не се прифатливи никакви оправдувања од типот ќе почнеме некои разговори на високо ниво, а официјални преговори тек во иднина или одлагање на членство во НАТО! – нагласува тој.

  Категории:
view more articles

Останати вести