(ВИДЕО) Петар Атанасов на 1ТВ: Изминатите години се форсираше квантитет во високото образование

(ВИДЕО) Петар Атанасов на 1ТВ: Изминатите години се форсираше квантитет во високото образование
14.12.18   22:13

Прочитано : 189

Print This Article

Заменик министерот за образование Петар Атанасов беше гостин во Централниот дневник на 1ТВ каде зборуваше за веста дека Владата донела одлука за формирање на агенцијата за квалитетот на високото образование.

„Оваа агенција ќе мора да ја изврши улогата која е дефинирана во новиот закон за високо образование, односно да измери и контролира квалитетот на високото образование. Се работи за пакет од три институции и сите членови во законот, се она што ќе произлезе ќе овозможи да знаеме каков е квалитетот на нашите високообразовни установи и студиски програми. Стандардите на високото образование ни ги покажуваат правците, но во изминатите години се форсираше масовност и квантитет што никој не знае каков е квалитетот на нашите дипломи. Според новиот закон и одборот за евалуација во период од 18 месеци сите високообразовни установи и студиски програми ќе мора да поминат евалуација“, објасни Атанасов.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

  Категории:
view more articles

Останати вести