Пет лица се пожалиле на труење од храна, затворен ресторан во Брвеница

Пет лица се пожалиле на труење од храна, затворен ресторан во Брвеница
15.09.19   19:30

Прочитано : 345

Print This Article

Пет лица со симтоми на труење вчера побарале лекарска помош во Клиниката за инфективни болести откако конзумирале храна во ресторанот Бакал Бакеро од Брвеница. Државниот санитарен и здравстен инспекторат од ПО Тетово го затвори објектот и изврши инспекциски надзор.

Како што соопштија од Министерството за здравство, денеска по добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово, во врска со труењето со храна во ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ село Брвеница, Тетово, Државниот санитарен и здравстен инспекторат од ПО Тетов изврши е вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство ПО Гостивар. Општата санитерно-хигиенска состојба во објектот е на задоволително ниво, во објектот има уредни санитарни книшки за 11 вработените со извршен санитарен преглед во рок како и потврда за извршен ДДД од овластена установа исто така во рок. Од страна на ЦЈЗ Тетово во соработка со ДСЗИ земени брисеви од раце од 5 затекнати вработени лица при надзорот како и шест брисеви од нежива средина прибор, рабтни површини и опрема.

– Надзорот од страна на ДСЗИ е направен по епидемиолошка индикација односно заради тоа што на ден 14.09.2019год.во вечерните часови, пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош во ЈЗУ УК Инфективни болести и фебрилни состојби, а кои согласно епидемиолошката анкета конзумирале храна во текот на денот во ресторанот Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ од Брвеница, Тетово, информираат од министерството.

Со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потнцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е збранет и затворен за употреба се до добивање на резулати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести