Пери: САД планираат да воведат санкции против Северен поток 2

Пери: САД планираат да воведат санкции против Северен поток 2
21.05.19   11:58

Прочитано : 172

Print This Article

Вашингтон, 21 мај 2019 (/) – Американскиот министер за енергетика, Рик Пери најави дека САД планираат наскоро да воведат санкции против Северен поток 2 , објавија американски медиуми.

– Претставничкиот дом и Сенатот се очекува да подготват нацрт-закон за рестриктивни мерки против компаниите што учествуваат во проектот за гасоводот, рече Пери.

Тој ја даде изјавата во Киев, каде престојува за инаугурацијата на новоизбраниот претседател Владимир Зеленски. паг/

Извор: mia.mk

  Категории: