Пензионерката со 720.000 евра по распитот: Сега е време за тишина

Пензионерката со 720.000 евра по распитот: Сега е време за тишина
19.08.19   14:49

Прочитано : 2,157

Print This Article

Сега е време за тишина, кратко одговорила Лилјана Тодоровски, пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица, по денешниот распит во обвинителството за организиран криминал, објави ТВ Телма.

Како што пишуваа медиумите, парите нејзе ѝ ги исплатил битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, а таа тврдеше дека парите во кеш ѝ биле земени од жена од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Боки 13.

Од Обвинителството велат дека распитот на Зоран Милевски Кичеец сѐ уште трае. Кичеец за прв пат се сослушува во својство на осомничен.

view more articles

Актуелно