Пентагон: Триесет и четири војници имаат трауматични повреди на мозокот

Пентагон: Триесет и четири војници имаат трауматични повреди на мозокот

– Пентагон денеска соопшти дека кај 34 американски војници биле дијагностицирани трауматични повреди на мозокот по иранскиот напад врз базата во Ирак на почетокот на овој месец.

Според портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман, осуммина војници, кои претходно биле транспортирани во Германија, веќе се префрлени во САД.