Пендаровски пренесе поздрави, Борисов му одговори: „Седи тука при нас“

Пендаровски пренесе поздрави, Борисов му одговори: „Седи тука при нас“
Претседателот, Стево Пендаровски, му пренесе на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, поздрави од премиерот, Зоран Заев, во неформалниот разговор на маргините на Самитот во Сараево.

Борисов, пак, го покани на дружба со српската премиерка, Ана Брнабиќ.

-Седи си тука при нас – му рече Борисов на Пендровски.

Самитот во Сараево беше пропратен со неколку контроверзии. Борисов бараше извинување од српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, затоа што го повикал бугарскиот амбасадор да му каже дека однесувањето на Борисов е неприфатливо. Јавните препирки следеа откако Борисов изјави дека идниот лидер на европската дипломатија, Жозеп Борел, треба да ја изрази позицијата на целата Унија, а не на неговата родна Шпанија во врска со Косово, односно признавање и почитување на суверенитетот на најмладата балканска држава.

Борисов за време на Самитот даде контроверзна изјава и за Македонија, откако го нарече Пендаровски северномакедонскиот претседател. По ова Заев рече дека е испратена протестна нота до Бугарија и дека, според него, најверојатно станува збор за грешка.