Пендаровски од Охрид: Како претседател ќе водам напред, македонските граѓани ќе бидат лидери на балканското пријателство

Пендаровски од Охрид: Како претседател ќе водам напред, македонските граѓани ќе бидат лидери на балканското пријателство
17.03.19   15:54

Прочитано : 174

Print This Article
1 (8)

„Посебно задоволство ми е што сум денеска меѓу охриѓани и што се наоѓам во Охрид кој бил отсекогаш и денеска е духовен, цивилизациски и историски центар на Балканот.

Во последниве две години новата влада на Република Северна Македонија започна со сосема поинаква политика, и започна да ја вади земјата од изолацијата во која беше претходно 11 години. Значи, со тој тип на политика постепено Македонија си го зазема своето место на природна раскрсница на Балканот.

Наместо да продуцираме лоши вести, ние почнавме да продуцираме добри вести и да се поврзуваме со сите соседи и со Европа и светот.

По носењето на тешки одлуки во изминативе две години ние практично ги затворивме сите отворени прашања што ги имавме со нашите соседи и сега доаѓа период кога граѓаните на Северна Македонија ќе почувствуваат благодет од тие одлуки кои беа донесени.

Започнува интензивно инфраструктурно поврзување со сите соседи, започнува интензивирање на економските и трговските односи со сите нив.

Сакам да кажам дека јас и досега бев дел од оваа владејачка структура која ги поддржуваше тие политики таа стратешка ориентација на Македонија, а како претседател имам намера да ги предводам тие процеси.

Помина времето кога Северна Македонија беше земја во која никој не доаѓаше, а нас никаде не не канеа. Денеска сме пример за поширокиот регион и тоа е единствениот начин, земја на крстопат како што е нашата да просперира и конечно да стане дел од семејството на модерни нации и држави“, изјави Стево Пендаровски на средбата со охриѓани.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести