Пендаровски-Маас: Германија силно ја поддржува европската интеграција на РСМ

Пендаровски-Маас: Германија силно ја поддржува европската интеграција на РСМ
24.06.19   21:11

Прочитано : 102

Print This Article
Pendarovski Mas

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамките на официјалната посета на Сојузна Република Германија, се сретна со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Маас.

Двајцата размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, при што констатирале дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.

Претседателот Пендаровски оцени дека Германија е клучен политички партнер и најголем трговски партнер на РСМ, држава која постојано дава поддршка за нашите аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО, и изрази задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на РСМ во НАТО во германскиот Бундестаг.

Пендаровски и Маас разменија мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција, при што претседателот посочи дека земјава во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакна дека ќе продолжи реализацијата на реформската агенда. Во таа насока, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

  Категории: