Пендаровски ја постави полковник Блажеска за аѓутант

Пендаровски ја постави полковник Блажеска за аѓутант
18.08.19   14:54

Прочитано : 355

Print This Article

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, ја постави полковник Билјана Блажеска за аѓутант.

Блажеска била учесник на повеќе меѓународни обуки и вежби како припадник на Армијата, вклучувајќи го учеството во меѓународната мисија „Одлучна поддршка” во Авганистан во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година.

Таа завршила специјализација за командни и штабни должности на Воената Академија во Скопје, курс за стручно оспособување и усовршување на офицери за служби на копнената војска на Армијата 2000-2001 во втората генерација на жени во Армијата

Во Армијата работела во областа на логистика и била активно вклучена во проекти за развој и унапредување на опремувањето на Армијата, унапредување на логистичката поддршка на единиците на Армијата во мир и во воена состојба како и при упатување во мисии надвор од земјата.

Во рамки на централната свеченост во Охрид по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, Пендаровски со Орден за воени заслуги ги одликуваше Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје и Сквадронот на транспортни хеликоптери од Воздухопловната бригада од Здружената оперативна команда при АРМ.

  Категории:
view more articles

Актуелно