Павлопулос не ги потпиша декретите за избор на претседател и обвинител на Врховниот суд

Павлопулос не ги потпиша декретите за избор на претседател и обвинител на Врховниот суд
pavlopulos

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос не ги потпиша претседателските декрети за избор на претседател и обвинители во Врховниот суд на Грција, избрани од претходната влада.

Правната служба на претседателот на државата до Владата ги врати двата нацрт претседателски декрети.

Грчки дипломатски извори коментираат дека од моментот кога декретите не се потпишани од претседателот на државата, немаат никаква правна сила и според тоа немаат обврзувачки карактер за новата влада.

На 31 мај, на вонредна владина седница, зад затворени врати, тогашната влада на СИРИЗА донесе одлука за избор на новите челници на највисоките судови, а од Нова демократија тогаш оценија дека изборот е противуставен и нелегален, бидејќи земјата беше пред парламентарни избори.

На почетокот на мај започнаа процедурите во грчкиот Парламент за избор на претседател на Врховниот суд, јавен обвинител и тројца заменици претседатели на Уставниот суд на Грција, бидејќи мандатот на актуелните им беше до 30 јуни.