Павле и Тамара

Павле и Тамара
24.05.19   19:51

Прочитано : 2,168

Print This Article

1. Ај, Павле си даде оставка. А другите? Тоа е одговорот за сите избрани и именувани функционери кои и понатаму ќе ја тегнат мастиката околу случајот Павле Богоевски. Те неговата оставка била „замајување на јавноста“. Те била дадена за да „избегне кривична одговорност“. Те станувало збор за „лажен морал“.

Таа приказна за Павле Богоевски како пратеник веќе е завршена. Дали Павле како носител на јавна функција купувал дрога, колку купувал, за кого купувал, веќе не е тема. Ама, тема е дека Павле како носител на јавна функција го прекршил законот и си даде оставка. И сега, не криејќи се зад пратенички имунитет или глупави утрински партиски соопштенија за политички прогон, ќе ги носи последиците од тоа што го кршел законот како и секој обичен граѓанин.

Дали купувал нелегални супстанци, дали примал мито, дали градел на диво, дали отварал врати при напад на Собрание, дали организирал напад на Собрание, дали крадел на избори, дали рекетирал фирми, дали нарачувал шамари, дали организирал на црно да се уплаќаат пари за партија… Тоа веќе не е предмет на муабет. Оти Павле си даде оставка од јавна функција. Тоа во Македонија е настан без преседан, не само во политичкиот, туку и во општествениот живот. И со таа оставка постави нов стандард на морално однесување кај избрани и именувани функционери платени со наши пари.

Дали некој во Собранието, особено вмровците што пуштија орелски нокти да го спасат мандатот на избеганиот осуден пратеник Никола Груевски се дораснати на тој морален стандард? Глупаво прашање, нели? Ама, сега за секое нивно морализирање, повикување на одговорност и плачење пред камери ќе има само еден одговор: „Павле си даде оставка. А ти?“

2. Тројца вработени во Министерството за надворешни работи што биле избркани од работа затоа што на 27 април 2017 биле во Собранието меѓу напаѓачите, судот ги враќа на работа. И плус треба да им се плати отштета. Оти нели, тие совесно си ја вршеле државната работа преку ден. А навечер оделе да работат против државата.

Па добро, бе! Што би требало некој да згреши за да може да го избркаат од државна администрација? Постои ли воопшто таков степен на грешка, на прекршување на закон, на неработа, неспособност…

Овие, платениве од наши пари, прво ја нападнале државата. Па кога ги казниле оти ги фатиле, ја тужеле државата. И сега – државата треба да им плати отштета. Има логика? Има. Исто колку што има логика тоа дека Крсто Мукоски е во државната делегација за прославата на Свети Кирил во Рим. Ќе ја отвара вратата и кај папата. Исто колку што има логика и тоа дека Трајко Вељаноски, осомничен за организирање на нападот на Собранието, уште има безбедносен сертификат. Ај што има увид во истрагите што се водат против него, туку уште и ќе одлучува кои двајца пратеници ќе избираат кој од поранешната УБК на Сашо Мијалков ќе премине во новата Агенција за национална безбедност.

А најлогично од сѐ е дека на тие што немало да преминат во новата Агенција, ќе им најдат друга работа. Демек, не ги бивало за УДБА, ама државна работа им е судба. Па и Христо и Неџби од Грција нека ги вратат и нека им дадат некоја државна работа согласно образованието и квалификациите. Стварно, кое работно место би било најсоодветно за Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети ем за најмасовното нелегално прислушување ем за уништување на опремата за прислушување, ако веќе не можат да го поминат тестот на избраниците на Трајко Вељаноски, а сепак да земаат државна плата? Нека ги приберат во Министерството за правда. Да работат како експерти на случаите за екстрадиција. Или кај Народниот правобранител. Како експерти за заштита на основните човекови права со добра пракса.

3. Вирусот на Заев за милозливост го има префатено и претседателот Стево Пендаровски. Тој прими нов тим во Кабинетот, ама немало да ги брка луѓето што ги примил Ѓорге Иванов. Зошто?  Ама, зошто?

Што бараат во Кабинетот на претседателот луѓето што го советуваа Иванов како да направи амнестија на криминалците од партијата што го поддржа за претседател, како да го одолговлекува давањето мандат на лидерот на парламентарното мнозинство, како да се однесува на 27 април, како да одбива да ги потпише законите…?


Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести