Патишта, гасификација, градежна мафија – отворено Студио 1 со министерот Сугаревски

Патишта, гасификација, градежна мафија – отворено Студио 1 со министерот Сугаревски
18.01.19   10:46

Прочитано : 128

Print This Article

Патишта и пруги, гасификација, градежна мафија – на овие теми уредникот Александар Чомовски побара одговори од министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, кој беше вечерашен гостин во отвореното Студио 1.

За голем број почнати, а недоизградени магистрални патишта, меѓу кои Кичево-Охрид, решението се чека од актуелната власт. Министерот потврди дека сите наследени проблеми од претходната власт со кинеската компанија Синохидро се надминати, па се очекува интензивирање на изградбата и на овој патен правец.

-Потпишавме анекс договор со којшто сите пропусти се комплетно расчистени, патот е поврзан со тунелот, со алтернативните патишта и тој аспект е завршен, па во согласност со рокот, јуни 2021 година, очекувам дека патот ќе биде завршен, вели Сугаревски и додава дека дополнителните средства за довршување на изградбата се за 36% пониски од тие што ги договарала претходната власт, рече Сугаревски

За пругата кон Бугарија, наместо како симбол на добрососедство, попозната како неуспех на двете партии, и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ кои никако да ја решат, министерот вели дека е забрзана работата на пругата од Куманово до Бељаковце, а за втората траса од Бељаковце до Крива Паланка која треба да биде обезбедена со средства од ЕУ, веќе се проценуваат понудите. За третата делница, објаснува, документацијата е комплетирана, се работи на обезбедување на финансии од Унијата.

Министерот Сугаревски вели и дека со Визер воопшто не било преговарано за субвенциите, туку по два јавни повици, компанијата конечно ги исполнила условите од тендерската документација во третиот.

-Во согласност со тоа што беше барано, овој пат Визер ги исполни условите, воспоставување на минимум четири линии на охридскиот и две на скопскиот аеродром. На последниот јавен повик понудија осум, четири од охридскиот и четири од охридскиот аеродром, вели тој.

Целиот разговор со министерот Сугаревски погледнете го во видеото.

  Категории: