Патарината кај Гевгелија од утре почнува со работа

Патарината кај Гевгелија од утре почнува со работа

Наплатната станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.