Парапетче околу Охридско Езеро, пак?

Парапетче околу Охридско Езеро, пак?
15.05.19   08:48

Прочитано : 1,939

Print This Article

Како што сум информиран од добро упатени културно-политички извори, македонската дипломатија е впрегната во напорот да се предупреди намерата на УНЕСКО на заседанието на Комитетот за светското културно наследство, што во јули годинава треба да се одржи во Азербејџан, да го класификува Охрид како „загрозено светско културно наследство“. Нацртот на ваквата лоша препорака, што за Македонија ќе има далекусежни негативни последици, е веќе ставена на увид во седиштето на УНЕСКО во Париз, во завршните подготовки за јулското заседание во Баку.
Главната причина за ваквата намера на УНЕСКО е неспособноста на Владата со нов закон да го уреди градежното инвестициско дивеење и управувањето со развојот на брегот и на водите на Охридското Езеро, во што не спаѓа само градот Охрид, туку и другите населени места на крајбрежјето, особено Струга. Меѓу другото, со законот треба да се обезбеди јасен систем за планско одлучување и управување, низ соодветни стручни и јавни тела кои ќе се грижат за заштитата на културните и природните убавини на Охридското Езеро, во што спаѓа и заедничко управување со ресурсите на Езерото со властите од Албанија. Нашиот сосед, Албанија, пак, во Азербејџан очекува да биде приклучена на листата на културно наследство на УНЕСКО токму со своите охридски езерски брегови!

Како што дознавам, во последната година, предлогот на овој закон, изработен според барањата на УНЕСКО и во соработка со локалните граѓански организации, се нашол дури четири пати на седница на Владата за усвојување, но сите четири пати е блокиран под притисок на ДУИ, за да се заштитат градежните интереси на инвеститори блиски до оваа партија во Охрид и во Струга. Како во најубавите денови на идеите на Груевски за подигнување парапетче околу бреговите на Езерото…

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

  Категории: