Пандев: Во Неапол се чувствувам како дома

Пандев: Во Неапол се чувствувам како дома

Македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев преку социјалните мрежи се заблагодари за аплаузот кој го доби синоќа на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол.

Пандев, кој е капитен на македонската репрезентација, сега е и капитен на „Џенова“, со гордост ја носеше лентата, а на гостувањето кај Наполи, излезе од игра во 61 минута. Додека излегуваше од терен, доби аплаузи од публиката во Неапол, која не го заборава неговиот придонес кој го даде за клубот додека играше таму.

– Секогаш кога се враќам на Сан Паоло, се чувствувам како дома. Благодарам Неапол, напиша Пандев.