(ВИДЕО) Палмер: Одлуката во Собранието за пристапување кон уставни измени е историска за Македонија (Видео)

(ВИДЕО) Палмер: Одлуката во Собранието за пристапување кон уставни измени е историска за Македонија (Видео)
22.10.18   19:17

Прочитано : 118

Print This Article
loading...
loading...

Одлуката во Собранието за пристапување кон уставни измени е  историска и чекор напред на Македонија кон интегрирање на земјава во НАТО и ЕУ. Ова е главната порака која што заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер ја соопштил на попладневниот брифинг. Ја поздравил храброста на пратениците за гласањето влучително и на опозициските пратеници кои гласаа „за“, но изразил загриженост за притисоците на кои се тие сега изложени.

Палмер, меѓудругото, брифирал дека нема да оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бидејќи, како што истакнал, немало веќе што да си кажат после размената на писмата од пред неколку денови. Високиот американски претставник уште еднаш го повторил ставот дека САД сметаат дека заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтегративниот процес е само декларативна во оваа фаза и на ваков начин и е нереална.

  Категории: