Отстранета рачната бомба во Прилеп (ДПЛ)

Отстранета рачната бомба во Прилеп (ДПЛ)
10.07.19   16:23

Прочитано : 869

Print This Article

 Единицата за антитероризам ја отстрани експлозивната направа – рачна бомба што беше пронајдена денеска околу пладне крај кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп.

Според портаролот на МВР Тони Ангеловски, крим- техничкото вештачење треба да покаже за кава експлозивна направа станува збор.

– Направата е отстранета и сега следува крим-техничкото вештачење кое треба да покаже за каква екслозивна направа станува збор и за што всушност се работи, а истражната постапка треба да открие дали досега имало некои закани, изјави Ангеловски.

Од МВР ги отфрлаат шпекулациите дека во кафулето била поставена уште една рачна бомба. – Станува збор за таа што е пронајдена и отстранета пред кафе-барот, под една столица, велат од Министерството за внатрешни работи.

Прилечани ги вознемири веста дека во најфрекфентниот дел на градот е фрлена рачна бомба.

Според СВР Битола,  сопственикот на кафе-барот Гоце. Т. ја пронашол експлозивната направа околу 12:10 часот и ја алармирал сопственикот полицијата. Единицата за антитероризам од Скопје треба да утврди за што станува збор.

  Категории: