Поради деновите на жалост откажани повеќе настани во културата

Поради деновите на жалост откажани повеќе настани во културата
14.02.19   09:36

Прочитано : 61

Print This Article

Поради жртвите во тешката сообраќајна несреќа и прогласените денови на жалост, денеска и утре се откажуваат закажани настани во институциите од културата.

Вечерашниот симфонискиот концерт „Моја љубов“ Македонската филхармонија ќе го презакаже најверојатно за понеделник. Македонскиот народен театар ја откажа вечерашната изведбата на мјузиклот „Мама миа!“.

Откажана е и прес-конференцијата на екипата од наградениот филм „Медена земја“ која беше закажана за денеска во 11 часот. Продукцијата соопшти дека дополнително ќе извести за новиот термин.

  Категории: