Османи за идната коалиција: Да се почитува принципот „победник со победник“ без разлика дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ

Османи за идната коалиција: Да се почитува принципот „победник со победник“ без разлика дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ

Во интервју за приштински „Експрес“, вицепремиерот на Бујар Османи, запрашан дали ДУИ ќе оди сам на избори или ќе формира коалиција со која било друга албанска политичка партија, рече дека ДУИ ќе се кандидира сам но ги повикува другите партии да се обединат со цел да го обединат албанското гласање.

Што се однесува до можноста за коалицирање со македонските партии по изборите, Османи рече дека ДУИ ќе се придржува кон принципот „победник со победник“, што подразбира дека ДУИ ќе формира коалиција со македонската партија која победи на изборите на 12 април, без оглед дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.

Во интервјуто Османи изјави дека ДУИ никогаш нема да дозволи да се поништи Договорот од Преспа, законот за употреба на јазиците или Договорот за добрососедство со Бугарија.