Османи: Секој проблем што ќе го создадеме може да влијае на одлуката во октомври

Османи: Секој проблем што ќе го создадеме може да влијае на одлуката во октомври
11.07.19   19:53

Прочитано : 148

Print This Article

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи најави дека со министерот за надворешни работи Никола Димитров летните месеци ќе ги поминат во посети и убедување на земјите членки за позитивен одговор во октомври за почнување преговори со ЕУ. Исто така, посочи дека дотогаш треба да се избегнуваат сите можни проблеми кои ќе наштетат на процесот.

-Сепак, до октомври има неколку месеци и во овој период особено треба да останеме фокусирани, бидејќи секој проблем што може да го создадеме како држава се разбира дека ќе влијае на одлуката во октомври. Останува фокусирани внатре да испорачеме она што ни е преостанато за испорачување во имплементација на самите законски решенија, но и да разговараме со земјите членки. Со министерот Димитров планираме сериозна агенда почнувајќи јули и август, па и септември, да посетиме повеќе земји членки од скептиците до најголемите поддржувачи за да уште еднаш ја презентираме нашата приказна која не може многу лесно да се игнорира од која било земја членка поради големите успеси, рече Османи при денешната посета на тетовско Желино.

  Категории: