(ВИДЕО) Османи: Патот до Брисел оди преку три столба – ДКСК, СЈО и Координативното тело за борба против организираниот криминал

(ВИДЕО) Османи: Патот до Брисел оди преку три столба – ДКСК, СЈО и Координативното тело за борба против организираниот криминал
20.03.19   21:48

Прочитано : 215

Print This Article

Невообичаениот одзив и интересирање, како и пораките за Северна Македонија се охрабрувачки и позитивни. Во време на евро-скептицизам ова е јасна порака дека сме на добар пат.

Ова во Централниот дневник на 1Тв го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој истовремено посочи дека некои работи кои што Северна Македонија ги направи до сега не треба да се заборават.

„Потсвесно се прави грешка заборавајќи што треба да направиме, а не што до сега направивме. Требаше многу компромиси, труд и волја за ова каде сме сега. Ние сме спремни за започнување преговори и денеска. Но, се согласувам и дека треба добра имплементација, а не само носење на закони.

Околу добивањето датум за почеток на преговорите, Османи со став дека потребен е датум во јуни за поголем „кураж“ како кај граѓаните, така и кај сите институции задолжени за европската иднина на земјава.

„Важен ни е јуни затоа што така ќе се врати ентузијазмот. Но патот до Брисел оди преку трите столба – Државната комисија за спречување на корупцијата, Специјалното јавно обвинителство и Координативното тело за борба против организираниот криминал.

-Оваа политика е важна за процесот и треба да смогнеме сили да ги надминеме партиските интереси“, изјави Бујар Османи..

Целиот разговор со Османи погледнете го во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести