Османи го правда „пациентот“ – Заев чека судски епилог

Османи го правда „пациентот“ – Заев чека судски епилог
11.10.18   17:54

Прочитано : 1,360

Print This Article
SJO

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се правда дека како министер за здравство работел законски и професионално. Во предметот „Пациент“, Османи е еден од 15 осомничени дека наместо да одбие, одобрил предлог на Комисија за јавни набавки која спровела фаворизиран тендер за бугарска компанија „Благоевград“ која реконструирала неколку болници.

„Од тоа што можев да прочитам видов и одреден превид – понудата е 20 милиони е поевтина, а не поскапа од колку второ-рангираната. Меѓутоа сепак, ќе оставам што побрзо, СЈО, институциите да ги расчистат овие факти а јас стојам на располагање секое време, жал ми е што претходно не сум бил поканет, пред да биде спомнато моето име за да можам да ги кажам фактите меѓутоа во најголема политичка морална или било каква друга одговорност можам да потврдам дека апсолутно нема никаква девијација од законите постапки во МЗ во текот на мојот мандат“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Премиерот Зоран Заев во одбрана на Османи. Засега нема да го разреши.

„Мојот став од секогаш бил исти, продолжува да бидед ист. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не се докаже. И секако, ова е само истрага ќе сакам да ги знам деталите, ќе го следам внимателно процесот. Навремено ќе преземам мои активности секако ако е нешто поврзано со дигнитетот на Владата“, изјави премиерот Зоран Заев.

Во новите предмети на СЈО за првпат кривичо се гони поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски во истрагата „Подарок“, кој е осомничен дека со екс министерот за транспорт Миле Јанкиески  како овозможиле руска компанија да добие 33 милиони евра со оштетување на државниот буџет. За првпат е осомничен Игор Јанушев кој сега е актуелен генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ за набавката на кинеските двокатни автобуси. Експемиерот Никола Груевски во „Пропаганда“ одлучил ВМРО ДПМНЕ да раководи со уредувачката политика на седумте локални телевизиски станици и едно радио, спротивно на законот. Груевски е осомничен и во „Хармонија“ кој според СЈО заедно со поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиевски и Стевчо Јакимовски овозможиле на лица од Турција да се стекнат со две атрактивни парцели.

Експемиерот Груевски новите шест истраги на СЈО ги нарече продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Преку Фејсбук Груевски искоментира дека ВМРО ДПМНЕ не поседувало медиуми. Според него, случаите на СЈО се празни и фабрикувани.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести