Општина Карпош: Не се точни тврдењата дека ќе се менува влезот на Трнодол

Општина Карпош: Не се точни тврдењата дека ќе се менува влезот на Трнодол
19.08.19   14:58

Прочитано : 216

Print This Article

Соопштение на Општина Карпош

Не се точни тврдењата дека се менува влезот на Трнодол, како што не беа точни ниту тврдењата дека на т.н. „чатал“ ќе се гради нова зграда или пак дека каналот ќе се затвори, велат од скопската општина Карпош.

„Токму денешната изјава на двајца од претставниците на граѓани од Трнодол е потврда за промените во начинот на носењето на деталните урбанистички планови во Карпош.
Денеска, граѓаните имаат можност да ги посочат своите забелешки и предлози уште на почетокот кога се носи одреден ДУП, нешто, што за жал не претставуваше пракса во минатото“, наведуваат општинските власти.

Од таму додаваат дека поканата за јавна презентација била објавена транспарентно, без намера нешто да се сокрие.

„Затоа и посетеноста на првата јавна презентација беше голема, но, за жал, не постоеја услови и работна атмосфера за детално, од стручните служби, да се образложат дилемите кои ги имаа засегнатите граѓани“, образложуваат од општината.

Од таму ги охрабруваат граѓаните да дојдат и на втората јавна презентација, во текот на есента, каде што стручни лица, заедно со претставници од Секторот за урбанизам, повторно ќе го образложат Предлог ДУП-от за Градска четврт Ј 03 Блок 7.

  Категории: