Општина Чашка набавила 100 телефони за 66 вработени, потрошила 26 илјади евра

Општина Чашка набавила 100 телефони за 66 вработени, потрошила 26 илјади евра
16.08.19   20:28

Прочитано : 945

Print This Article

Еден од најголемите тендери на општина Чашка се однесува на набавка на 100 мобилни телефони.
19 телефони биле набавени повеќе од потребното и сите тие си ги зел поранешниот градоначалник.
Актуелниот градоначалник се жали дека и покрај тоа што Обвинителството за организиран криминал направил целосна истрага, предметот е заглавен во велешкото обвинителство кое не отвора постапка за овој случај, пишува Инбокс7.

Лоцирана во средишниот дел на државата, руралната општина Чашка брои само 7.673 жители во 42 населени места. Таа е во групата од 22 од вкупно 84 општини со под 8 илјади жители, повеќето од кои се соочуваат со немање капацитет за испорачување на основните услуги за граѓаните.

Но, овие проблеми не ги спречиле локалните власти да ангажираат вкупно 66 лица во општинската администрација. Освен ова, за раководството на општината и за вработените се набавени многу повеќе од бројот на вработените. Истражувањето на Инбокс7 дојде до документи кои покажуваат дека околу 26.600 евра или поточно 1.650.000,00 денари изнесувал договорот кој поранешниот градоначалник на општина Чашка, Горанчо Пановски, во 2016 година го склучил со Друштвото за комуникациски услуги ОНЕ ВИП. Покрај висината на сумата на овој договор, зачудува и тоа што градоначалникот Пановски набавил околу стотина телефонски броеви, но нејасно е за кого се, се набавени овие телефонски линии. Сепак, постои и решение со кое тој сам на себе си доделил 19 мобилни телефони.

повеќе

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести