Опра Винфри негира дека влијаела врз одлуката на принцот Хари и Меган да ги напуштат кралските должности

Опра Винфри негира дека влијаела врз одлуката на принцот Хари и Меган да ги напуштат кралските должности

– Одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да отстапат од кралските должности и да продолжат со нормален граѓански живот го шокираше целиот свет, а многумина веруваат дека на овој чекор ги наговорила познатата водителка Опра Винфри, која веднаш ги негираше овие тврдења.

Во кус разговор за магазинот „Пипл“ таа акцентот го стави на фактот дека на Хари и на Меркл не им треба помош во одлучувањето за тоа што е најдобро за нив и нивното семејство, пренесува Кликс.ба.

-Се грижам за нив двајцата и ја поддржувам секоја одлука што ќе ја донесат, изјави познатата водителка, откако нејзиното име се најде на насловните станици на многу таблоиди кои тврдеа дека таа е одговорна што Хари и Меган отстапуваат од кралските функции. сд/