ОН истражува 35 кибер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот

ОН истражува 35 кибер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот
13.08.19   15:38

Прочитано : 49

Print This Article

Експерти на ОН соопштија дека истражуваат најмалку 35 случаи на кибер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот, што за цел имале незаконско собирање пари за нејзината нуклеарна програма, пишува турскиот весник „Сабах”.

Минатата недела светските агенции информира дека Северна Кореја незаконски дошла до „ две милијарди долари” од своите се подобро обмислени и реализирани кибер активности врз финансиски институции и берзи за крипто валута.

Извештајот на ОН открива дека Јужна Кореја била најмногу засегната, бидејќи дури 10 пати била жртва на вакви кибер напади, следена од Индија со три и Бангладеш и Чиле со по два напада.

По еден кибер напад претрпеле 13 држави: Коста Рика, Гамбија, Гватемала, Кувајт, Либерија, Малезија, Малта, Нигерија, Полска, Словенија, Јужна Африка, Тунис и Виетнам, се наведува во извештајот на ОН.

  Категории: