ОЈО ги следи информациите за говорот на омраза на Бачев кон Албанците

ОЈО ги следи информациите за говорот на омраза на Бачев кон Албанците
21.08.18   19:32

Прочитано : 667

Print This Article
Janko Bachev
Јавното обвинителство соопшти дека ги следи сите информации во врска со говорот на омраза изречен од политички субјекти во Македонија и доколку се утврди дека постојат елементи за кривично дело ќе покрене постапка.
ОЈО го соопшти ова по прашањето од ТВ21 во врска со изречените навреди кон Албанците во земјава од лидерот на партијата „Единствена Македонија’“, Јанко Бачев, кој партиите на Албанците ги нарече „шиптарски“.

Мислам дека гледате, американскиот амбасадор Бејли и шиптарските партии во Македонија почнаа веќе отворено да кажуваат дека ќе има војна“, изјави Бачев пред Владата, каде што вчера јавно побараа буџетски пари за финансирање на нивната кампања за бојкот на гласањето.

  Категории: