Огњен Врањеш: Таа ги одбра парите, наместо љубовта!

Огњен Врањеш: Таа ги одбра парите, наместо љубовта!
21.01.19   16:18

Прочитано : 1,547

Print This Article
Capture

Извор близок на фудбалерот открил кога се почнало и објаснил дека никој не ни претпоставувал што се ќе се случи помеѓу Карлеуша и Врањеш.

-Нивниот контакт почна кога Јелена му се јави на Огњен на Инстаграм. Таа одговори на некоја негова објава на стори и напиша некој саркастичен коментар. Тој неможеше да поверува што му се случува и едно сто пати провери да не случано некој и го хакнал профилот и дали е вистински таа. Него му се додворуваа и претходно пејачки, но Јелена како и на многу други фудбалери за него претставуваше нешто недостижно, за што само можеше да сонува.

-Нивното допишување на Инстаграм траеше околу два ипол месеци, а фактот што двајцата еден со друг се забрането “овошје” односот им се развиваше многу брзо отколку што планираа. Од самиот почеток помеѓу нив двајца постоеше ненормална привлечност и тоа требаше кога тогаш да ескалира. На Јелена и тоа како и годеше вниманието од фудбалерот, а тој се трудеше во секој поглед да и докаже дека за него е најубава и најпривлечна жена, – раскажува изворот и открива дека нивната прва блиска средба била во Белград.

<imgsrc=”” alt=”” width=”1000″ height=”800″>

-Едвај чекаа да се видат. Јелена се плашеше многу повеќе од Огњен и беше многу внимателна, а во тоа време Душко замина на припреми. Врањеш дојде во Белград и тој ден за двајцата беше пресуден да продолжат да се гледаат во следните две години, – додава изворот.

-Кога го скршија мразот повеќе неможеа да се воздржат, се гледаа секаде, од Белград па се до градовите каде што таа настапуваше. Не се одвојуваа. Се гледаа секаде кај и да се, а за нив работела таа забранета приказна и никој неможеше да ги сопре. После една година тие се заљубија еден во друг, а Огњен веруваше дека Јелена кога тогаш ќе стави точка на бракот со Душко. Затоа на неговата сопруга Даниела и кажа дека сака развод и и призна се. Но и на Душко не му пречеше таа врска со Огњен затоа што и самиот тој имаше љубовница. Во меѓувреме Душко потпиша милионски договор во Кина, а Карлеуша потполно се промени. Наеднаш разводот со Душко стана невозможна мисија и таа не сакаше ниту да зборува за тоа. Тоа го дотепа Огњен и реши да прекине се. Не сакаше Јелена да го прави будала. Кажа дека со Јелена заврши засекогаш, беше многу бесен и според негово мислење Јелена ги одбра парите наместо љубовта. Потоа престана да и се јавува. Јелена му пишуваше по сто пораки дневно, но тој престана да и враќа,- вели нашиот извор.

<imgsrc=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2019/01/Screenshot_58_1000x0.jpg” alt=”” width=”1000″ height=”720″ srcset=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2019/01/Screenshot_58_1000x0.jpg 1000w, https://1tv.mk/wp-content/uploads/2019/01/Screenshot_58_1000x0-300×216.jpg 300w, https://1tv.mk/wp-content/uploads/2019/01/Screenshot_58_1000x0-768×553.jpg 768w” sizes=”(max-width: 1000px) 100vw, 1000px”>

За да ги провериме сите овие информации дека се точни, го исконтактиравме Огњен Врањеш кој ни ја потврди дел од приказната.

-Никогаш не бев фан и никогаш не би можел, ниту сакам таа така да ме претстави. Душко знае за нашата врска, а јас несакам повеќе да бидам дел од оваа приказна. Доста ми е од се- кажа фудбалерот ексклузивно за ВИП.

Извор: ало.рс

  Категории: