Официјален Берлин: Очекуваме дека и грчкиот парламент ќе даде согласност за договорот и дека Северна Македонија брзо ќе му се приклучи на НАТО

Официјален Берлин: Очекуваме дека и грчкиот парламент ќе даде согласност за договорот и дека Северна Македонија брзо ќе му се приклучи на НАТО
11.01.19   20:55

Прочитано : 269

Print This Article

Во соопштението на шефот на германската дипломатија Хајко Мас се изразува очекување дека и Грција ќе даде согласност за Договорот од Преспа и дека Македонија потоа ќе стане членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ:

„Решението на спорот за името помеѓу Скопје и Атина е на дофат. Очекувам дека и грчкиот парламент ќе даде согласност за договорот и дека земјата Северна Македонија потоа брзо ќе му се приклучи на НАТО и ќе може да почне преговори за приклучување во ЕУ. Спорот за името помеѓу Скопје и Атина траеше 27 години. Одговорните, пред се’ премиерот Ципрас и премиерот Заев, презедоа енормни напори за конечно да се реши овој конфликт. Тие дадоа охрабрувачки пример за тоа дека упорната работа со факти, издржливоста и политичката храброст во дипломатијата може да доведат до успех. Ова испраќа охрабрувачки сигнал во целиот регион.“

  Категории:
view more articles

Останати вести