Официјално: „Медена земја“ влезе во трката за Оскар во две категории!

Официјално: „Медена земја“ влезе во трката за Оскар во две категории!
Долгоочекуваните номинации за „Оскар“ се случија денеска. Американската филмска академија ги објави петте натпреварувачи во секоја од категориите, а „Медена земја“ е и официјално номинирана за престижната награда и тоа за Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм, што ќе биде прв таков успех на некое остварување од Македонија.

Членовите на Академијата до 7 јануари 2020 година гласаа за потесниот избор на филмови во девет категории откако скратените листи беа објавени на 16 декември.

Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му се новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава” и јужнокорејскиот „Паразит” на Бонг Јон-хо – минатогодишниот добитник на „Златна палма”, и уште седум филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија и Сенегал.

Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.

Единствениот македонски филм кој претходно добил номинација за Оскар е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година. Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Главното доделување на наградите е закажано на 9 февруари.

Доколку сè уште не сте го погледнале, филмот повторно се прикажува во кино „Милениум”, од денеска во Кинотеката, а од 16 јануари и во киното „Синеплекс”.

Дополнето:

ВИДЕО: Како изреагира од тимот на Медена земја кога дознаа дека се номинирани за Оскар