Одраст/Degrowth – Мала вечерна школа на Плоштад Слобода и Ајда Пистотник

Одраст/Degrowth – Мала вечерна школа на Плоштад Слобода и Ајда Пистотник
16.04.18   11:17

Прочитано : 79

Print This Article

Вечерва во 19 часот во Националната библитеока Плоштад Слобода со поддршка на Enabanda од Љубљана ќе организира презентација и дискусија  со Ајда Пистотник на тема Одраст (Degrowth).

На оваа презентација подобро ќе се запознаеме со овој концепт/теорија и ќе имаме можност да продискутираме идеи кои може да се аплицираат во наши локални или регионални рамки.

Ајда Пистотник е истражувачка и проектна менаџерка во колективотEnaBanda од Љубљана, кој работи на културни активности како филмска продукција, но и истражување на јавни политики. Ајда има позадина во политичките наук и развојни студии заедно со човекови права. Таа веќе некое време ја следи дебатата за degrowth и иницијативите кои произлегуваат. Таа е авторка на неколку текстови кои се обидуваат да и’ го доближат концептот на пошироката јавност.
Таа е критична кон постмодерните времиња во кои живееме, кон неолиберализмот и се обидува да визуелизира можно алтернативно размислување и пракса. Моментално, Ајда уредува специјално издание на академското списание ČKZ – Časopis za kritiko znanosti, domišljijo in novo antropologijo, посветено на концептот во Словенија преведен како „одраст“..

*предавањето ќе биде на англиски јазик

Мала вечерна школа на Плоштад Слобода е серија волонтерски одработени настани за споделување на знаење и информации до кои ретко стасуваме во јавниот или академски дискурс, а се од елементарна важност за изградба на еден Град за сите.

loading...
loading...
  Категории: