Од устата на седумгодишно дете извадени 526 заби (видео)

Од устата на седумгодишно дете извадени 526 заби (видео)
2.08.19   19:26

Прочитано : 1,154

Print This Article

Индиски стоматолози од устата на седумгодишно момче со операција извадија 526 заби.

Момчето било одведено на преглед поради оток и болка во пределот на десната долна вилица, при што со рендгенска снимка било утврдено дека во устата има повеќе од 500 заби.

– Никогаш до сега во пракса не сме се сретнале со ваков случај, иако состојбата е опишана во медицинската литература, изјави професорката по орална и максиофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет во градот Ченај.

Според лекарите отокот сличен на тумор го спречил растот на трајни моларни заби во усната шуплина на момчето.

За време на петчасовната операција стоматолозите извадиле 526 заби со различна големина од 0,1 до 15 милиметри. Дури и најмалиот заб имал корна, корен и глеѓ.

Лекарите не ја знаат точната причина за таквата состојба. Една од причините за „вишок заби“ би можела да е генетиката, но не е исклучено и животната средина да има значителна улога.

Д-р Рамани наведе дека во соработка со колегите почнала истражување со кое треба да се утврди дали појавата на вишок заби е поради зрачењето од мобилните телефони на предните заби.

Сличен случај е забележан во 2014 година кога стоматолозите од усната шуплина на 17-годишно момче во Мумбај отстраниле 232 заби.

  Категории: