Од која планина се симнавте, со деца во рака против грижа за болни лица што протестирате?

Од која планина се симнавте, со деца во рака против грижа за болни лица што протестирате?
22.07.19   10:32

Прочитано : 1,298

Print This Article

Сите зависници, вашата поблиско-поширока фамилија, како и нивни пријатели и комшии, па и оние од пред кооперација случајни сеирџии и “ептен” заинтересирани лица за заедницата.

Уште утре да започнете со протести, а најмногу сите вие што живеете околу здравствените установи во Аеродром, Кисела вода и слични “градски” населби.
Немојте да дозволувате пациенти со кашлање да ви шират зарази, лица со карциноми да ви ги зрачат децата, психолошки проблеми да ви шетаат низ маалото, лица со расипани заби да ви загадуваат воздух..
Тимјаник село ќе рече човек па требало да им се објасни.
Од која планина се симнавте, со деца во рака против грижа за болни лица што протестирате?
Секој граѓанин има право на здравствена грижа и заштита, и точка. Што сте вие посебни со вашата здравствена состојба?
Ако не ви се допаѓа, бегајте во планина, што погоре можете!

Илчо Ефкоски

  Категории: