Очајот на претседателот

Очајот на претседателот

Ви пренесуваме дел од колумната на Бардул Заими за Инбокс7:

Аферата „Рекет“ ја крена политичката температура во Северна Македонија. Ова афера веќе ги премина границите кога италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео материјали со „Боки 13“ и каде се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која подоцна призна дека гласот кој се слуша таму е нејзин. Јанева изјави дека нема никаква врска со случајот и дека разговарала со бизнисменот Камчев како еден од обвинетите во случајот „Империја“ со намера да воспостави „соработник“ од него. Ова образложение не е убедливо за јавноста, бидејќи се повеќе се зголемуваат сомнежите за нејзината вмешаност во аферата.

Од почетокот на оваа афера, по наводите за можна вмешаност на специјалната обвинителка Јанева, дел од персоналот на обвинителите со кои таа соработуваше, почнаа да се дистанцираат „елегантно“, истакнувајќи во исто време дека Специјалното јавно обвинителство не се идентификуваше само со неа, но всушност таа беше кредибилна институција која можеше да продолжи без Јанева.

Пропорциите на оваа афера ја разнишаа јавноста особено по преименувањето на „Боки 13“ во „Боки Тредичи“. Индикациите за евентуална вмешаност во овој скандал исто така и од функционерите на владејачката партија, СДСМ, создадоа уште еден момент на политичко толкување, кој од ден на ден зема нова динамика. Во меѓувреме, премиерот Заев бараше темелна независна истрага и одговорност за инволвираните.

Без оглед на политичките изјави, се чини дека случајот „Рекет“ создаде непоправливо разочарување кај граѓаните. Се чини дека нема многу простор за играње со зборови, додека јавноста очекува брза акција од страна на правосудните институции. На овие приемни фреквенции беше и изјавата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој рече дека се чувствува очаен од овој случај, и бара истрага за сите спомнати имиња, без разлика дали тие се носители на јавни функсии или не. Претседателот на државата отиде уште подалеку, барајќи покрај кривично-правна одговорност и политичка одговорност.

Целата колумна на Инбокс7 на следниот линк.