Обвинителството за организиран криминал ги истражува тендерските злоупотреби во ГУЦ „Здравко Цветковски“ – кривична пријава против екс- директорката

Обвинителството за организиран криминал ги истражува тендерските злоупотреби во ГУЦ „Здравко Цветковски“ – кривична пријава против екс- директорката
16.05.19   15:09

Прочитано : 349

Print This Article
guci

Против Драгица Костадиновска, екс- директорката на ГУЦ „Здравко Цветковски“ е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Врз основа на ревизорскиот извештај кој утврдил низа неправилности и пропусти, Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе истражува дали додека управувала со училиштето местела тендери и проневерила илјадници евра.

„ Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител. По предметот веќе се постапува и се издадени соодветни наредби за прибирање на податоци“ ни одговори обвинителството.

Костадиновска која се уште е дел од наставниот кадар на ГУЦ не одговори на нашите повици. Таа беше дел од синџирот на тендерски местенки во средните училишта, при што заедно со Јованка Лековска, екс- директорката на „Арсени Јовков“ како што беше обелоденето, проневериле стотици илјади евра преку јавните набавки.

Двете средни училишта беа темелно прочешлани од државниот ревизор и просветниот инспекторат. Но од извештајот за „Арсени Јовков“ нема ниту трага ниту глас, ниту пак најава за евентуална одговорност на екс- директорката.

Двете директорки си поднесоа оставки, но ниту еднаш не се огласија во јавноста за злоупотребите кои им се ставаа на товар. Ниту еднаш не го демантираа очигледниот непотизам и нивното влијание врз тендерските постапки за пари од буџетот кои завршувале во фирми на нивниот семеен круг или блиски пријатели. Актуелната директорка на ГУЦ, Атина Томовска, поради матурските обврски неделава, најави коментар од понеделник.

Од Град Скопје пак, не одговорија како ќе се постапи со Костадиновска, која е под истрага под сомнение за злоупотреби на директорската позиција во училиштето во кое се уште предава.

По обелоденувањето на аферата, истражувањето на Институтот за стратешки истражувања и едукација даде заклучок дека минатите години немало конкурентност во тендерите на македонските средни училишта. Друштвото за трговија и услуги „ДБ Системи Дооел – Скопје“ во анализираниот период добило 89 – најмногу договори со вкупна вредност од 315,000 евра. Фирмата, само од „Арсени Јовков“ инкасирала над 50 илјади евра – слична сума како и од ГУЦ.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести