Обид за насилство врз Сергеј Варошлија – четири лица упаднале во 1ТВ

Обид за насилство врз Сергеј Варошлија – четири лица упаднале во 1ТВ
27.09.18   00:36

Прочитано : 4,738

Print This Article

Насилен упад се случи вечерва во просториите на 1тв. Четири млади лица на возраст од околу 25 години и покрај затворената капија на дворот, успеле да влезат во просториите барајќи го водителот Сергеј Варошлија.

Се претставиле како негови роднини, но вработени лица го забележаа нивниот очигледен револт, а сомнително било и тоа што бараа негов телефонски број како и времето кога доаѓа и заминува нашиот колега.

Очигледни биле нивните насилни намери, поради што вработените побарале помош, а лицата кои упаднаа избегале од телевизијата. 1ТВ изутрина ќе го пријави случајот во полиција, бидејќи сметаат дека станува збор за планиран напад, кој можел да има сериозни последици.

Се надеваме дека органите на прогонот во најскоро време ќе го расчистат случајот и ќе ги санкционираат напаѓачите.

  Категории: