Обединето Кралство: Ова е историски момент за Македонија

Обединето Кралство: Ова е историски момент за Македонија
11.01.19   21:23

Прочитано : 389

Print This Article

Со соопштение вечерва се јави и официјален Лондон:

Денес Парламентот на Македонија гласаше за поддршка на уставните измени со цел спроведување на Договорот од Преспа. Се надеваме дека Договорот ќе биде ратификуван од грчкиот парламент. Со ова се става крај на долгодишниот спор меѓу двете земји и и се отвора патот на Македонија да напредува кон членството во ЕУ и НАТО.

По повод историскиот резултат, британскиот Секретар за надворешни работи Џереми Хант истакна:

„Обединетото Кралство силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа. Ова е историски момент за Македонија.

Ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница.

Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината.

  Категории: