Објавени номинациите за „People’s Choice Awards“

Објавени номинациите за „People’s Choice Awards“
5.09.19   17:55

Прочитано : 56

Print This Article

Организаторите на „People’s Choice Awards“ (популарните американски „Награди од публиката“) ги објавија годинашните номинации, а меѓу оние со најголем број прилики за награда, се „Игра на престоли“ и „Одмаздници: Завршница“.

Во категоријата најдобар филм за 2019, покрај „Одмаздници“, за статуетката ќе се натпреваруваат и „Приказна за играчките 4“, „Брзи и бесни: Хобс и Шо“, „Капетанката Марвел“, „Џон Вик 3“, „Кралот лав“, „Ние“ и „Спајдермен: Далеку од дома“.

Покрај „Игра на престоли“,за најдобра серија во игра се и „Вовед во анатомија“, „Бубалици“, „Живи мртовци“, „Ова сме ние“, „Ривердејл“ и „Почудни нешта“.

Во номинациите најдобар глумец / глумица, ќе се борат Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Том Холанд, Вил Смит, Кијану Ривс, Семјуел Л. Џексон, Адам Сендлер, Скарлет Јохансон, Бри Ларсон, Мили Боби Браун, Зендеја, Софи Тарнер, Џенифер Анистон, Лупита Њонг и Теса Томпсон.

Номинирани за најдобар пејач се Шон Мендес, Пост Малоун, Ед Ширан, Дрејк, Тревис Скот, Калид, Лил Нес Икс и Бед Бани. Номинирани за најдобра пејачка се Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Карди Би, Халси, Били Ајлиш, Мајли Сајрус, Камила Кабело и Пинк.

Откако веќе помогна да се одредат номинираните, публиката сега ќе гласа и за победник во 43 категории од областа на филмот, телевизијата, музиката и поп-културата. Гласањето ќе трае до 18 октомври, 11:59 часот.

Наградите ќе бидат објавени на 10 ноември.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести