ОЈО отфрли кривична против Коце Трајановски поради застареност

ОЈО отфрли кривична против Коце Трајановски поради застареност

Ексградоначалникот на Скопје Коце Трајановски и уште три лица нема да одговараат кривично за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со изборот на директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, информираат од скопското обвинителство.

Кривичната пријава против Трајановски и уште три лица била отфрлена поради застареност на делото. Изминал законскиот период во кој екс градоначалникот и останатите можеле кривично да одговараат.

Кривичната пријава од СВР – Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје била доставена во март 2019 година, односно една година по истекот на рокот за застареност.