Ново рочиште за „Таргет-Тврдина“

Во Кривичниот суд Скопје, денеска е предвидено да се одржи ново рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“. Овој судски предмет е во фаза на доказна постапка, односно се презентират сведоци предложени од обвинителството.

Досега искази пред судот имаат дадено многу сведоци, меѓу кој и Зоран Заев, како премиер. Во следните рочишта за овој случај се очекува да сведочат и новинари, бизнисмени и луѓе од јавниот живот кој биле жртви на незаконското прислушување од 2008 до 2015 година.

Главни обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, односно неколку вработени во поранешното УБК.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Обвинетите во овој случај според обвинението се товарат дека во период меѓу 2008-2015 година нелегално прислушувале над четири илјади телефонски броја. Судењето по предметот „Таргет-Тврдина“ е започнато на 22.12.2017 година и уште е во фаза на доказна постапка.

Back to top button
Close